Среда во мини здолниште со висок струк + ролка + палто

23 септември 2020

Добро утро. Дождов утринава уште еднаш нè потсети на тоа дека есента пристигна. Со оглед на тоа дека утрата се навистина студени, ние за денес имаме слоевита предлог-комбинација.

Мини здолниште со висок струк и ремен во зелена нијанса е во комбинација со тенка ролка во розова нијанса. Контрастот изгледа одлично, иако можеби во прв момент би помислиле дека овие две нијанси не одат заедно.

Палтото е исто така во розова нијанса, а изборот на обувки може да бидат и патики, чевли со потпетица или чизми до глужд.

Не заборавајте и чадор. Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
23 септември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
714 пати