Оваа среќна среда кога впрочем почнува и еден од најубавите месеци во годината поминете ја во прекрасна сина комбинација составена од кусо тексас здолниште со везени ѕвезди и нежна сина блузичка. Се чини дека и овој ден ќе биде убав, па без двоумење комбинацијата надополнете ја со тексас јакна со крзно на јаката. Кога станува збор за модните додатоци, денеска одберете сиви чизми до глужд и чанта во слична нијанса. Украсете ја косата со овие слатки шноли и секако, повторно не заборавајте ги очилата за сонце. 

Објавено:
1 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
417 пати