Среда во неодолива розова
•
3 август 2016
Најсреќниот ден од работната недела и ден после празникот, блеснете во полн сјај каде и да се појавите. Денеска носиме модерни широки фармерки со искинати детали и ги комбинираме со оваа преслатка розова бохо кошулка со малку подолги ракави бидејќи времето тоа ни го дозволува. Украсете ја комбинацијата со овие стилски сандалки во слична нијанса како кошулката и додадете и доза на шик со мини чанта во темно црвена боја со златни детали. Што се однесува до модните додатоци, секако носиме очила за сонце и овие бохо колоритни обетки во кои знаеме дека ќе се заљубите од прва. Нанесете малку розов кармин и подготвени сте да го освоите светот!