Добро утро. Времето надвор воопшто не асоцира на лето, па затоа ние со овој стајлинг сакаме да додадеме малку боја во сивилото.

Нашиот денешен предлог е одело во тиркизна нијанса. Палтото е со поширок крој и има ремен околу половината, што дополнително ја нагласува.

Мала чанта и обувки на висока потпетица е изборот на модните додатоци. Вие можете да си додадете и свилена марама или некој дискретен накит.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
24 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
555 пати