Добро утро. Повторно сонце, па се надеваме дека сте добро расположени.

Нашиот денешен предлог е еден пролетен стајлинг составен од панталони, кои во случајов се во розова нијанса и долга, макси бела кошула. 

На тоа е додаден краток плетен елек исто така во розова нијанса, а во слична нијанса се и чевлите.

Чантата пак, е во сина нијанса и го прави изгледот уште повпечатлив.

Вие направете ваш избор на бои и внесете динамика и во изгледот.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
21 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
536 пати