Среда во панталони со висок струк и ремен и кошула на точки

16 септември 2020

Добро утро. Се надеваме дека и ова утро нè читате во добро расположение. Нашиот денешен предлог-стајлинг е во светли бои и со елегантно-деловна нота.

Розови панталони со висок струк и ремен се основата. Вие можете да одберете и во некоја друга боја, овој модел е исклучително популарен сега, така што веројатно имате еден, а и да немате, лесно можете да најдете нешто што ви одговара.

Панталоните се искомбинирани со кошула на преклоп со дезен со точки. Чанта и чевли на потпетици и дискретен накит и подготвени сте.

Ви посакуваме среќна среда!

Објавено:
16 септември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
786 пати