Најсреќниот ден од работната недела поминете го во шармантна пастелна комбинација составена од парчиња во розови тонови. Оваа среда ги носиме хит панталоните за сезонава во топла розова нијанса и ги комбинираме со слатка кошулка со неодолив цветен принт. Парчињата комбинирајте ги со шик розови чевлички со кристали во предниот дел и чанта во иста нијанса како сѐ останато. Украсете ја комбинацијата со оваа впечатлива сребрена алка и уживајте во прекрасниот ден!

Објавено:
13 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
984 пати