Среда во ролка и фустан
•
29 јануари 2020
Добро утро! Дождов на сите ни го забави темпото утринава, но ние стандардно ќе го започнеме со предлог за стајлинг на денот.
Црна ролка и фустан или (тиролка ако сакате) е комбинацијата која ќе ви го привлече вниманието.
Фустанот е на прерамки со кариран принт и на едната страна е пократок, што го прави уште поинтересен. Блогерката во конкретниов случај го искомбинирала со чизми го глужд, но вие можете да ги смените и со високи рамни на пример.
Додадете капут, чадор и чанта и можете на дождот да му пркосите дотерани.
Ви посакуваме убав ден!