Добро утро. Се надеваме дека денешново сонце ви внесе доза добро расположение и оптимизам. Ние го започнуваме со предлог-стајлинг на денот.

Овој пат се одлучивме за комбинација со елегантна нота.

Црна ролка е идеално парче за овој период од годината, бидејќи можете да го комбинирате со многу други. Во конкретниов случај е одличен спој со тесно здолниште со животински принт. Околу половината има ремен од истиот материјал кој се врзува во панделка.

Изборот на обувки се елегантни чевли со ремче, но може да бидат и чизми до глужд, високи чизми или есенски мокасини, бидејќи во овој период од годината се носи буквално се'.

На ова додадете кожена јакна на пример и уживајте во денот.

 

 

Објавено:
14 октомври 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.040 пати