Среда во ролка + широко здолниште + чизми
•
10 февруари 2021
Добро утро. Со оглед на тоа дека ни најавуваат ниски температури, да го искористиме убавото време за некоја „полесна“ комбинација.
Нашиот денешен предлог е составен од ролка во светла нијанса во комбинација со широко здолниште во една од најпопуларните нијанси - лаванда.
Здолништето е со копчиња и карнер во долниот дел, додека пак високиот струк е дополнително истакнат со ремен.
Високи чизми се изборот на обувки, а на крајот додадете чанта и капут.
Ви посакуваме убав ден!