Оваа среќна среда одберете удобни фармерки и комбинирајте ги со топло и стилско блузонче. Надополнете ја комбинацијата со лакирани чизми со висока потпетица и интересна чанта како оние што знаевме да ги носиме на училиште. Бидејќи времето и денеска е малку постудено, задолжително понесете си кожена јакна или некоја друга што вам ви одговара. Од накит единствено носиме шик часовник за да не задоцниме никаде!

Објавено:
4 ноември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
833 пати