Среда во шармантни есенски нијанси
•
9 ноември 2016
Конечно најсреќниот ден од неделата! Иако и оваа среда ја дочекавме со дожд во градот, тоа не значи дека треба да се откажете од стилската комбинација која ја планиравте. Денеска носиме топло џемперче – фустан во темно зелена боја и го комбинираме со модерна јакна во слична боја од превртена кожа. Бидете безбедни од дождот и комбинацијата надополнете ја со куси кафени чизмички и ранче во кафена нијанса. Како и секогаш, шминката е во неодоливи есенски нијанси кои знаеме дека ги обожавате.
Имајте прекрасен ден!