Среда во шармантно здолниште со копчиња
•
4 јули 2018
И денеска денот го дочекавме со високи температури и сонце на кое долго чекавме, па време е од плакарот да го извадиме најубавото здолниште.
Носиме кусо кафено здолниште со копчиња во предниот дел и го комбинираме со едноставна црна маичка на кратки ракави.
Што се однесува до чевлите, денеска носиме отворени црни сандали на мала плутена потпетица и едноставна црна чантичка.
Секако, ниту денеска од дома не смеете да излезете без очила за сонце кои се задолжителниот моден додаток секое лето.
Фото: Pinterest/Lulus