Најсреќниот ден од работната недела поминете го во стилска комбинација со која ќе му се спротивставите на сивото време. Денеска носиме модерно здолниште во темно зелена боја и ги комбинираме со бело џемперче со слатко извезено срце во горниот дел. Комбинирајте ги со црни чизмички до глужд и кожена јакничка која и денеска ни е потребна поради времето. Носиме и чанта во боите на парчињата од комбинацијата и секако, минимална шминка со нагласени усни.

Објавено:
4 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
430 пати