Добро утро. Се надеваме дека и утринава не' читате во добро здравје и расположение. Нашиот денешен предлог-стајлинг е составен од панталони килоти со широки ногавици во комбинација со ролка.

На тоа се додадени високи чизми и кратка кожена јакна. Но, поради минусните температури, секако капутот е задолжително парче со кое ќе ја заокружите комбинацијата.

Кога се боите во прашање, во конкретниов пример се беж и црвена, но вие одберете ги вашите омилени.

Ви посакуваме убав ден.

 

Објавено:
2 декември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
751 пати