Добро утро. Се надеваме дека и денеска нè читате во добро расположение.

Оваа среда нашиот предлог е интересно здолниште во сина нијанса. Впечатливо е поради “јазолот“ во горниот преден ден. Кројот е лежерен, а во предниот дел има и шлиц, кој го прави движењето уште полесно.

Во комбинација е со класична бела кошула, едно од оние парчиња што треба секоја жена да ги поседува во својот гардеробер. Доколку ви се допаѓа оваа комбинција за деловен изглед, одберете модел кој нема да има вака отворен шлиц.

Ви посакуваме среќна среда!

Објавено:
28 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
358 пати