Добро утро. Уште од утринава ни недостасува сонцето за подобро расположение, но затоа ние денеска се одлучивме да ви презентираме една дамска комбинација, за која сме сигурни дека ќе успее во тоа.

Во денешниот стајлинг доминира сив, потенок макси капут, со ревери и ремен околу половината. Искомбиниран е со ролка во сина нијанса, а бидејќи од фотографијата долниот дел не се забележува, може да бидат и панталони, но и здолниште. 

Црни високи чизми се изборот на обувки, а стајлингот е заокружен со интересни модни додатоци. Имено, крзнените шалови (од вештачко крзно) се апсолутен хит сезонава, па одберете некој по ваша желба. Во конкретниов случај е црно бел, а во склад со останатите модни додатоци - белата капа/качкет и црно-белата чанта.

Вие можете да одберете и некоја поинтензивна боја, па да ја направите комбинацијата уште подинамична.

На ова додадете и чадор, бидејќи е врнежливо и чувствувајте се прекрасно во облеката што ја носите.

Имајте убав ден!

 

Објавено:
20 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.650 пати