Иако денеска се чини дека е понеделник, со оглед на слободниот ден, малку е потешко да се подготвиме за работните обврски.

По тој повод, носиме лежерна комбинација составена од неколку шик парчиња кои се супер удобни и во кои ќе уживаме во текот на целиот ден.

Носиме широки фармерки и ги комбинираме со тренди сива ролка која е како создадена за денешното време.

Бидејќи утрово е навистина студено, комбинацијата надополнете ја со сив капут, а што се однесува до модните додатоци, носиме очила за сонце, црн часовник, сив шал и секако, шик рамни чевли.

 

Објавено:
24 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
893 пати