Најсреќниот ден од неделата поминете го во нежни сиви нијанси со акцент на оваа прекрасна и топла ролка во неколку бои. Ја комбинираме со тесни црни панталони и ниски црни чевлички. Бидејќи денеска времето е малку потопло, а и ролката сама по себе е доволна, ја носиме со куса јакничка во темно сина боја. Комбинацијата дополнете ја со сива зимска шапка и модерна чантичка во две бои.

Имајте среќна среда!

Објавено:
27 јануари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
847 пати