Иако денеска решивме комбинацијата да ни биде составена од шик парчиња во сива боја, верувајте дека тоа нема никаква врска со времето. Без разлика на тоа што утрово нѐ дочека облачно време, уживајте во денот со оваа интересна комбинација од темно сиви искинати фармерки со слатко џемперче во посветла нијанса со карнери во долниот дел. Комбинирајте и куси чизмички во иста нијанса и стилско капутче бидејќи денеска имаме малку пониски температури. Носиме и стилска чанта во неколку интересни бои и секогаш накит во сребрена нијанса.

 

Објавено:
23 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
815 пати