Среда велат постарите било среќен ден, се надеваме дека таков ќе ви биде навистина. Ние за да го направиме уште подобар, ви подготвивме предлог комбинација со црвени модни додатоци.

Имено, основата на стајлингот е сиво фустанче со дискретен кариран принт. Ракавите се пуфнасти, има впечатливи копчиња во делот на рамениците, струкот е истакнат, аима и шлиц од левата страна.

Комбинацијата е заокружена со црвена беретка, црвени чизми до глужд и чанта околу половината.

На сето ова додадете и насмевка и подготвени сте за новите предизвици!

 

Објавено:
13 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.139 пати