Утрово се разбудивме со малку повисоки температури и облачно време, па сега е супер момент да ја облечеме омилената кожена јакна.

Истата ја комбинираме со црни фармерки и стилска тексас кошулка, а што се однесува до модните додатоци, носиме елегантна црна чанта, марама на вратот и црн часовник.

На оваа комбинација ѝ додадовме црни чизми до глуждовите, а за секој случај, со вас понесете ги и очилата за сонце.

Имајте убав ден!

Објавено:
27 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
688 пати