Конечно сме на средина на неделата, а оваа среда ја дочекавме со прекрасно сонце во главниот град. По тој повод, без двоумење одберете стилско фустанче во темно сина боја и комбинирајте го со ова впечатливо топло палто со интересен принт. Комбинацијата надополнете ја со шик чизмички до глужд во слична боја како фустанчето и чанта која сосема одговара. Бидејќи времето надвор е прекрасно, денеска не заборавајте ги очилата за сонце, а што се однесува до шминката, единствено носиме впечатлив кармин во прекрасна темно розова боја. 

Објавено:
15 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
485 пати