Со оглед на тоа дека нè очекува продолжен викенд, денешнава среда речиси сите ја доживуваме како петок. Па доколку после работа планирате некаква забава, веруваме дека денешниот наш предлог ќе ве инспирира.

Тесен фустан со миди должина, на риги во сина и црвена боја е нашиот избор за стајлинг на денот. Го комбинираме со тегет сандали, а на половината има и тенок ремен со што уште повеќе го нагласува овој дел од телото. 

Кога се модните додатоци во прашање, чантата е во истите нијанси со фустанот, додека очилата се во сини тонови.

Ви посакуваме убав ден и уште поубав продолжен викенд!

Објавено:
23 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
434 пати