Добро утро. Се надеваме дека нè читате во добро здравје и расположение. Оваа среда ја боиме во тиркизни нијанси, кои ќе се согласите се една од асоцијациите на лето и море.

Тенки панталони со висок струк во оваа нијанса се супер избор ако сакате да бидете впечатливи и ги сакате ведри и интензивни бои.

Во случајов се искомбинирани со краток топ во светла беж нијанса, а марамата која е во слична комбинација на бои совршено се вклопува и дополнително го прави изгледот интересен и летен. Ако краток топ не е вашето омилено парче, заменете го со кошула или маица, ќе изгледа подеднакво интересено.

Изборот на обувки се балетанки, но во зависност од тоа за каде го планирате изгледот, можете да одберете и еспадрили, сандали или чевли на потпетица.

За што и да се одлучите, важно е да се чувствувате убаво. Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
12 август 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
525 пати