Добро утро. Мора да признаеме дека утринава ни недостасува сонце, па затоа се одлучивме денешната предлог комбинација да биде во сончеви нијанси, но и контрастни.

Широки панталони се супер избор во секое време, а во случајов се во темновиолетова нијанса. Искомбинирани се со едноставна жолта кошула, а на тоа е додадена плетена блуза исто така во светли нијанси, која не само што ѝ дава кул изглед на комбинацијата, туку ќе ви биде добредојдена со непредвидливото време.

Ѓердан и чанта, како и очила за сонце се модните додатоци кои ќе ја направат комбинацијата уште повпечатлива. 

Ако не располагате баш со овие бои, нека ви бидат инспирација за некоја друга смела комбинација во која ќе заблескате и на тмурно време.

Ви посакуваме убав ден.

 

фото извор: pinterest.com; 

Објавено:
5 мај 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
304 пати