Добро утро. На средина сме од работната недела, а ние и денеска ќе го започнеме денот со предлог стајлинг.

Овој пат се одлучивме за поделовна комбинација, но топла.

Комбинацијата е составена од црни панталони, можат да бидат фармерки или хеланки и блуза во истата нијанса. Розовиот долг и волнен блејзер, не само што ќе ве стопли, туку ќе ја направи комбинацијата уште повпечатлива.

Иако блејзерот има копчиња, сепак, доколку сакате уште повеќе да ја нагласите половината, искористете широк ремен.

Чанта или ранче, високи чизми и уште некој неопходен зимски моден додаток ќе ја заокружат комбинацијата.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
17 февруари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
568 пати