Добро утро. Иако надвор е сиво, сепак не е студено, па можете да се облечете малку потенко.

Нашиот предлог за денес е изглед во сини тонови.

Широко миди здолниште со висок струк и џебови од страните е во комбинација со плетена блуза со тантелни апликации во предниот дел.

Вакви слични парчиња можете да ги усогласите со високи чизми или чизми до глужд.

Додадете и капут и чанта и подготвени сте.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
18 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
383 пати