Добро утро. Се надеваме дека и денеска не' читате во добро расположение. 

Нашиот предлог за инспирација оваа среда е една летна комбинација, но мошне впечатлива.

Составена е од здолниште со висок струк со етно мотиви и краток црн топ. Чантата е исто така со принт, а изборот на обувки се влечки во црвена нијанса.

Вие одберете нешто слично од вашиот гардеробер и направете ја комбинацијата по „ваша мерка“.

Објавено:
21 јули 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
230 пати