Добро утро. Сонцето нè инспирираше за комбинација која содржи токму сончеви нијанси. Нашиот денешен предлог е црно-бела комбинација, но со жолт мантил кој ќе внесе динамичност и ќе го направи стајлингот уште повпечатлив.

Панталоните се со широки ногавици, додека кошулата со подлабок V-израз. Ѓердан, чанта и сандали  се модните додатоци со кои заокружен изгледот.

Сандалите можете да ги смените со чевли, додека пак изборот на боја на чанта може да биде и повпечатлив. Наместо бела, можете да одберете виолетова, или некоја сина нијанса, портокалова, зелена...и ќе го направите стајлингот уште поразигран.

Имајте убав ден :).

Објавено:
13 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
287 пати