Среда во жолто
•
28 септември 2016
Најсреќниот ден од работната недела поминете го во подеднакво среќна комбинација составена од стилски парчиња во неодоливи есенски нијанси. Денеска носиме искинати фармерки и ги комбинираме со интересна нежна кошулка во жолта нијанса. Бидејќи веќе навикнавме на ниските утрински температури, задолжително со себе понесете тенко капутче, а што се однесува до чевлите, денеска носиме едни супер шик во жолта нијанса. Чантата е кафена, обетките златни, а очилата за сонце супер модерни.
Уживајте во среќната среда!