Како што беше најавено, денеска температурите ќе бидат исклучително високи, што значи дека мора да одбереме лежерни парчиња во кои ќе уживаме цел ден.

Носиме прекрасно жолто фустанче со бели цветови по површината и кафени копчиња во предниот дел и го комбинираме со бели влечки на мала потпетица.

Што се однесува до модните додатоци, со фустанчето носиме плетена чантичка во крем нијанса, кружни обетки и очила за сонце.

Уживајте во сончевиот ден!

Објавено:
3 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
865 пати