Среќна среда во прекрасна сина
•
16 ноември 2016
Конечно дојде и најсреќниот ден од неделата, па по тој повод блеснете во прекрасно издание. Денеска носиме тренди фармерки и ги комбинираме со темно син џемпер со бели ѕвездички како апликации во комбинација со сини чизми на висока потпетица. Бидејќи утрово се разбудивме со навистина ниски температури, комбинацијата дополнете ја со оваа крзнена тексас јакна и задолжително почнете ја сезоната на дебели и топли плетени шалови. Што се однесува до модните додатоци, денеска носиме голема и впечатлива чанта во сина боја, очила за сонце и слатки сребрени обетки.
Уживајте во сончевиот ден!