Утрово се разбудивме со навистина повисоки температури од оние на кои се навикнавме, а тоа значи супер комбинација во која ќе го поминеме денот. Денеска носиме панталони – килоти во розова нијанса и ги комбинираме со слатко џемперче со интересни апликации во повеќе нијанси. Комбинацијата надополнете ја со оваа тексас јакна со розово крзно во пределот кај јаката. Што се однесува до чевлите, денеска без проблем облечете ги омилените високи потпетици во беж боја кои се во слична нијанса со чантата. Со оглед на прекрасното време, денеска не заборавајте ги очилата за сонце кои веќе се задолжителни! 

Објавено:
22 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
747 пати