За избор на стајлинг за оваа недела се одлучивме за една модифицирана, женска варијанта на формалниот смокинг. Во овој пример, Кара Делевињ ги истакнала долгите нозе со одличен избор на мал црн смокинг-фустан од Сен Лоран со изразено V деколте и бела јака. Истовремено изгледа и елегантно и атрактивно.

Минималистичкиот изглед е надополнет со темни, црни очила за сонце и ниски црно-бели чевли со шпиц. Комбинацијата е доволно впечатлива, поради што нема потреба да се надополнува со било какви други модни додатоци. Уште една потврда за безвременската „Less is more“.

Објавено:
25 јуни 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот