Стајлинг на неделата #22: волуменозено здолниште со висок струк

8 октомври 2013

Наталија Алавердијан е моден уредник во руското издание на Harper’s Bazaаr, па кога таа ќе се појави на едно ексклузивно модно шоу во случајов на последната модна ревија на Шанел, не се очекува ништо помалку од тоа да остави силен впечаток со својот изглед . Направила храбар избор со кој не секоја девојка може да се носи. Моќното волуменозно здолниште со висок струк е апсолутен тренд, но мора да се внимава како ќе се комбинира за да не ја утнеме комплетната слика. Наталија без сомнение успеала во синхроницацијата на здолништето со бела комфортна кошула со широки ракави и едноставни црни чизми над глуждот.

Објавено:
8 октомври 2013
Категорија: 
Стајлинг на денот