Стајлинг на неделата #26: целосно бела комбинација + аксесоари во боја

8 ноември 2013

Иако целосна комбинација во иста боја може да биде ризична или монотона, сепак ако се направи вистинскиот избор на парчиња и материјали, и се надополнат со елегантни детали во боја, може да добиете перфектен изглед. Како соодветен пример ви ја посочуваме Никол Ричи на ВИП забавата на Клое во Лос Анџелес, облечена токму во овој бренд. Кратко сако со нагласена јака врз транспарентна бела кошула и тесен џинс во истата боја. Изгледот е финиширан со елегантни бели шпиц чевли на високи потпетици и плик чанта во пастелна сина боја.

Објавено:
8 ноември 2013
Категорија: 
Стајлинг на денот