Стајлинг на неделата #28: волуменозно здолниште + нагласен струк

19 ноември 2013

Кога во ист пакет ќе ги спакувате чевлите од Кристијан Лубутан и кутур фустанот од Диор, тогаш добивате совршено изненадување за секоја жена. Во случајов, Џенифер Лоренс  дополнително ја усовршува комбинацијата. Педантно средената коса и прецизната шминка сосема природно се синхронизираат со елегантната волуменозна тоалета на Диор со нагласен струк и асиметричен горен дел кој е фокусот на нејзината појава. Црните шпиц чевли на Лубутан се секогаш сигурен избор и за женствени, но и за помалку конвенционални стајлинзи.

Објавено:
19 ноември 2013
Категорија: 
Стајлинг на денот