Стајлинг на неделата #35: машки костум + елегантни аксесоари

23 јануари 2014

Една од најсензуалните дами во филмската индустрија позната по своите женствени облини, Селма Хаек, на модната ревија на машката линија на Сен Лоран во Париз, се појави во нетипично издание за неа, но со кое одлично се носеше. Наместо толета која ја следи линијата на силуетата, симболично таа облече машки костум во кој изгледаше исто толку привлечно. Направила одличен баланс помеѓу строгите линии на машкото одело од Сен Лоран и елегантните детали како блескавиот мини-брош, плик чантата во актуелната металик-сребрена боја и чевли со висока платформа.

Објавено:
23 јануари 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот