Стајлинг на неделата #36: транспарентна елеганција + суптилен принт

28 јануари 2014

Доделувањето на Греми наградите овој период се во фокусот на светската јавност, а на црвениот килим на овој настан останаа забележани бројни изгледи на познатите кои сигурно ќе бидат меморирани во историјата на музичката и модната индустрија. Кети Пери апсолутно беше една од оние кои инстантно привлекуваа внимание на себе. А како и не би, кога таа се појави во раскошна креација на Валентино од последната кутур колекција презентирана на  Недела на висока мода која неодамна се одржа во Париз. Кети ја имаше привилегијата прва да го облече ова уметничко дело на себе и јавно да го презентира. Тоалетата изгледа неверојатно лесно и воздушесто, во долниот дел изработена од тул со принт од ноти, а во горниот дел е изработен корсет во беж боја. Кејти внимавала да не ја наруши целата оваа совршена хармонија, па избрала суптилен накит кој вклучува висечки обетки и прстени на едната рака.

 

 

Објавено:
28 јануари 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот