Стајлинг на неделата #41: пастелен тоналитет + романтичен флорален принт

7 март 2014

Сезонските контрасти веќе подолг период се основен трендовски предзнак. Па така, флоралниот принт, пастелните тонови и транспарентните материјали кои беа резервирани за топлата сезона, сега се почесто се користат во дефинирањето на зимските модни трендови. Во случајов имаме хармоничен спој на краток релјефен фустан во бебешко сина боја и мантил со нежен флорален принт кој ја следи едноставната  линијат на фустанот. Комбинацијата добива дополнителен елегантен финиш со изборот на белите салонки, но од друга страна и урбана димензија со чантичката со реси која периодов е апсолутен хит.

 

Објавено:
7 март 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот