Во оваа слоевита комбинација на правнуката на Ернест Хемигвеј, Дри Хемигвеј, забележуваме тотална хармонија на различностите, совршено синхронизирани текстури, дезени, везови и бои. Бохо вибрациите ги чувствуваме преку белиот вез на црната основа на лежерниот топ под кое наѕирка кратко здолниште со црно-бел принт. Во играта меѓу црната и белата мала „диверзија“ предизвикува мини чантата преку рамо во изразита портокалова боја. Комбинацијата е заокружена со удобен, предимензиониран капут-микс на различни текстури и црни високи чизми на висока рамна платформа, уште еден трендовски предизвик од актуелните модни писти.

Објавено:
13 март 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот