Андрогениот изглед дозволува комплетно опуштање на креативните „вентили“ и слоевита игра со момчешки парчиња облека низ кои секогаш ќе предизвикува женствената мистичност. Овој пример е урбано огледало на веќе неколку сезони актуелниот андроген стил, со успешно споени дезени, бои и кроеви. Ако одиме по обратен редослед, чевлите обезбедуваат тотална удобност, а истовремено и париски шик, џинсот во тесен крој е со подвиткани ногавици што е еден од најповиканите трендови сезонава,  а во горниот дел слоевитот спој e надополнет со свежи бои што го разигрува комплетниот изглед.

Објавено:
15 мај 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот