Стајлинг на неделата #55: Син кошула-фустан + сребрени чевли

30 јуни 2014

Популарната британска актерка Кира Најтли пред само три дена е фотографирана во Њујорк, облечена во стилот на Одри Хепберн. Најтли за дневен изглед се одлучила за комплетен стајлинг на парчиња од Прада. Совршената комбинација е сочинета од небесно син кошула-фустан во А крој, надополнет со елеганти чевли на висока потпетица во сребрена нијанса.

 

За дополнително романтичен печат, актерката комбинирала плик чанта исто така од Прада со впечатливи нијанси на сини камчиња. Она по што најмногу не потсетува на Одри Хепберн е ноншалантно собраната коса и очилата за сонце во винтиџ стил.

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот