Стајлинг на неделата #67: миди фустан инспириран од 20-тите + фризура во истиот фазон

15 септември 2014

 

Актерката Ема Стоун секогаш блеска со својот шарм, софистицираност и елеганција од едноставните, но секогаш максимално впечатливи комбинации. Токму во таква варијанта се појави минатата недела во Париз на премиерата од нејзиниот најнов филм „Magic in the Moonlight“. Како што и филмот го носи насловот, така и таа беше магична во црниот миди фустан на Клое во стилот на 20-тите години кој успешно го парирала со едноставни црни сандали на висока потпетица, нагласена шминка и фризура со брановидни кадрици во фазон кој се надополнува со креацијата. Стоун уште еднаш ја оправда својата репутација на млада модна икона што секогаш умее да ја истакне својата стилска индивидуалност и префинетост.

 

Објавено:
15 септември 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот