Стајлинг на неделата #71: небесно сино асиметрично палто + црни бермуди

14 октомври 2014

Француската актерка Марион Котијар изминатиот викенд се појави на црвениот килим во Њујорк од премиерата на филмското остварување 'Two Days, One Night'. По тој повод таа избра комбининација од парчиња на модната куќа Кристијан Диор од колекцијата пролет-лето 2014. Таа е препознатлива по спетицичните и впечатливи стајлинзи, а токму таков беше и оној од последното јавно појавување. Станува збор за спој од небесно сино палто во асиметричен крој дополнително декорирано со цветен вез и кежуал бела маичка под истото. Долниот дел пак се трендовските бермуди во црна боја парирани со елегантни црни салонки. Нежна, сензуална и природна, Котијар уште еднаш покажа дека нападниот изглед не е пресуден за да се биде забележан.

Објавено:
14 октомври 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот