Стајлинг на неделата #76: „глам“ тоалета од бела основа+црна тантела

18 ноември 2014

На премиерата од новото филмско остварување „Unbroken“ во Сиднеј, планетарно популарната и обожувана актерка Анџелина Џоли на црвениот килим се појави во гламурозна и елегантна црн0-бела тоалета од италијанскиот бренд Гучи.  Енџи чекореше рака под рака со својот сопруг Бред Пит, а како и секогаш со маркантноста и заводливоста го освои целото медиумско внимание.

Џоли за оваа прилика се одлучила за корсетирана тоалета од бела основа врз која и контрира слојот од богата црна тантела. Актерката за вакви свечени и јавни настани најчесто ги избира креациите со потписот на Версаче, но иако го промени изборот на брендот,  таа и овој пат  се потпре на проверените  строги линии што ја нагласуваат половината и завршуваат во сирена крој. Изгледот е заокружен со суптилна шминка, собрана коса и дискретен накит во сребрена нијанса.

 

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот