Стајлинг на неделата #84: иста комбинација во машка и женска верзија

21 јануари 2015

Актуелната двојка Џони Деп и Амбер Херд, на лондонската премиера на филмот „Mortdecai“  се појавија во „копирани“ стилски приказни. Класичниот костум имавме прилика да го видиме и во машка и во женска варијанта.

Џони Деп беше облечен во перфектно скроен костум со суптилни риги од Ralph Lauren Purple label, додека Анбер Херд му парираше со женствена, елегантна варијанта на машкиот костум.

Облечена во црно струкирано сако и широки долги панталони, нејзиниот изглед беше финиширан со  чиста и едноставна шминка и „неуредна“ фризура.

Објавено:
21 јануари 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот