Стајлинг на неделата #87: палто-фустан + минималистички накит

11 февруари 2015

„Невестата бегалка“ од новата рекламна кампања на Диор, Натали Портман на црвениот килим на Берлинскиот филмски фестивал остана верна на модната куќа и се појави во совршеное скроен палто-фустан.

Креацијата изработена од  црна волна е во перфектно дефинирана  А линија со невообичаена, хоризонтална наместо вертикална поставеност на копчињата  во делот околу струкот.

Целиот изглед на убавата актерка е заокружен со минималистички накит и елегантни црни чевли, а шминката и фризурата остануваат во рамките на минимализмот.

Објавено:
11 февруари 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот