Иако се навикнамве да ја гледаме Амал Клуни во елегантни класични парчиња, најчесто со минималистички дизајн и со деловен предзнак, сепак егзотичната г-ѓа Клуни деновиве не’ изненади со стајлинг нетипичен за нејзиниот стил. Но, во позитивна конотација.
Успешната адвокатка воодушеви со нејзината појава, пред се’ благодарение нејзината совршена силуета, но и успешниот спој на различните парчиња во една допадлива стилска целина.
Панталоните со висок струк со колоритен принт од Џамбатиста Вали го оживејаа хипи духот на 70-те кој одлично и’ прилега, а она што имаме ретка привилегија да го гледаме во нејзиниот стил е суптилниот сексапил доловен преку одголениот стомак. Комбинацијата е надополнета со краток-пуфкаст топ, долг црн капут и мини клач чанта.